Studio Kostadinka
Фризерско студио за мажи и жени
Дoбредојдовте во студио Костадинка
Нашиот пристап се базира на грлижлив однос со секој гостин, создавајќи лојални клиенти и формирање на трајни пријателства кои се развиваат во рамките на опуштен и софистициран амбиент.
За Костадинка
Таа ја почна својата кариера во студио и академија Леонтиќ во 2009, каде по завршувањето на школувањето во студио и академија Леонтиќ, продолжува да работи се до октомври 2013 година. На 1 Декември 2013 го основа своето студио.
Со над 5 години искуство, Костадинка Младенова се специјализира за боење на коса, шишање, фенирање и стил за мажи и жени. Костадинка е позната помеѓу нејзините клиенти за нејзината страст, креативност и прецизност. Таа внесува сигурност и внимава на детали за се што прави, без разлика дали тоа е мешање сопствна мешавина на совршена боја, шишање степени и текстурна фризура или создавање едноставно прекрасна и здрава коса! Нашиот пристап се базира на грлижлив однос со секој гостин, создавајќи лојални клиенти и формирање на трајни пријателства кои се развиваат во рамките на опуштен и софистициран амбиент.
Од своето основање па се до денес, студио КОСТАДИНКА континуирано работи на подобрување и проширување на услужниот асортиман кои ги нуди и секако постојано усовршување на услугата кон своите клиенти, бидејќи задоволните клиенти се нашиот највисок приоритет.
Нашиот успех секако се должи на безрезервно следење на мисијата и визијата кои менаџментот на студиото ги има поставено уште од самото основање, а кои резултираа со досегашниот раст и развој.
Мисија
Нашата мисија е студио КОСТАДИНКА да биде препознатлив елемент на фризерскиот пазар, нудејќи голем асортиман на услуги со користење на производи од најдобрите светски производители, воедно понудувајќи и пристапни услуги за секој корисник, ставајќи посебен акцент на квалитетот на услугата.
Визија
Визијата на студио КОСТАДИНКА е нашето студио да стане еден од водечките фризерски студиа на пазарот и својот квалитет да го докаже и надвор од границите на нашата земја.
Сметаме дека со постојана, комплетна и трпелива работа, како и целосно отворена соработка, ќе успееме да бидеме препознаени од страна на клиентите и студиата во регионот.
06/07/2019
27/06/2016
26/04/2015
MATURANTI I APSOLVENTI ZAKAZUVANJETO E VO TEK ..OSTANAA USTE NEKOLKU SLOBODNI MESTA REZERVIRAJTE GO SVOJOT TERMIN..
TEL:077-442-443
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Website
Address
Драгиша Мисовиќ
Karpos
1000
Alerts
Be the first to know and let us send you an email when Studio Kostadinka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
