Restart Massage

Restart Massage

Share

Restart Massage - Студио за професионална масажа, здраво тело и физиотерапевтски услуги.
📞 077564950

Photos from Restart Massage's post 30/07/2025

🌱 Убав почеток на денот, со Restart Massage 🌱☀️


Резервирајте го вашиот термин :
📞 077 564 950


🫶 Ве очекуваме 💞


style
team time care

10/07/2025

🌿 Restart Massage - студио за професионална нега и терапија.
Професионална медицинска масажа, индивидуален пристап, тераписки техники и вистински резултати.
Нашата цел е едноставна - да ти помогнеме да се чувствуваш подобро, послободно и поздраво.

🔥Секојдневната болка те сопира да уживаш во животот❓
Напнат врат, укочени рамена, болки во грбот... Понекогаш и најмалото движење те потсетува дека нешто не е во ред, а ти само продолжиуваш - трпиш и одложуваш.

💡 Но, немора да биде така.
Кога телото зборува - треба да го слушнеме. Решението постои, и е поблиску отколку што мислиш.

📞 Закажи термин денес - и врати го мирот во телото.
📍 Скопје
📱 077 564 950

05/07/2025

💎 Како изгледа вашиот совршен подарок.

Уживај во моменти какви што заслужуваш.
Најдобро избран подарок и доживување кој можеш сам да си го подариш во ова брзо, динамично и материјално секојдневие каде духот се заборава. Слушај го своето тело, врати се на самиот себе.

✨Ве очекуваме во нашето студио на незаборавно искуство на нега на вашето тело и душа.

💎 Подари си масажа, поради си среќа подари си насмевки.

🫶 Ве очекуваме.

📞 077564950


#Грижа за Тело #Подари #Насмевки #Масажа #Твое време # Нега на душата

Photos from Restart Massage's post 02/07/2025

Ароматерапи масажата комбинира природни ароматични масла со бавни, опуштачки техники, кои не само што го смируваат телото, туку навлегуваат и во емоционалниот свет. Секоја есенција има своја улога – лаванда за смирување, цитрус за освежување, еукалиптус за ослободување, нане за прочистување…
Изборот на масло се прилагодува на твојата енергетска состојба и моменталните потреби.

Што ќе почувствуваш?
Ароматерапи масажата создава длабоко чувство на олеснување – напнатоста постепено исчезнува, дишењето станува подлабоко и полесно, а мислите се смируваат. Целото тело се враќа во природна рамнотежа, а умот се ослободува од внатрешниот притисок. Останува само леснотија, присутност и тивко задоволство што навистина си се погрижил за себе.

Оваа масажа е идеален избор ако си под стрес, емоционално исцрпен или едноставно ти треба длабок reset.
Дозволи си момент за мир. За телото. За умот.

📞 Закажи термин: 077 564 950
📍 Скопје – ул. Христо Татарчев 47 К
🕐 Времетраење: 60 минути
💳 Цена: 1500 денари

#АромаМасажа #Ароматерапија #МасажаСкопје #ГрижаЗаСебе #МирВоТелото

Photos from Restart Massage's post 02/07/2025

Телото секогаш ни зборува – прашањето е дали го слушаме.

Понекогаш сме толку зафатени, што забораваме да обрнеме внимание на најважните сигнали кои телото ни ги испраќа секој ден.
Еве неколку јасни знаци дека твоето тело вика: „Ми треба масажа!“

1️⃣ Постојано си напнат/а
😣 Вратот и рамената се како бетон? Тоа не е нормално – тоа е повик за олеснување.

2️⃣ Главоболки без очигледна причина
🧠 Можеби не е од уморот – туку од затегнатите мускули во вратот и горниот дел од грбот.

3️⃣ Чувство на тежина или вкочанетост во телото
🧍‍♀️ Нема флексибилност, нема лесно движење? Време е да се ослободи енергијата.

4️⃣ Замор кој не поминува дури ни со сон
💤 Тоа значи дека телото не се регенерира правилно – а масажата го рестартира тој процес.

5️⃣ Немирен ум, краток здив, неможност за фокус
💨 Масажата го смирува нервниот систем – ја балансира и психата, не само телото.

Слушај го телото. Почитувај го. Погрижи се за него.
Во Restart Massage, ние не нудиме само масажа – ние помагаме телото да се врати во рамнотежа.

📞 Резервирај термин: 077 564 950

#СлушајГоТелото #МасажаСкопје #СигналиНаТелото #ГрижаЗаСебе

24/06/2025
Photos from Restart Massage's post 13/06/2025

💆‍♀️ Која масажа ти е најпотребна токму сега?

Во Restart Massage нудиме цела палета на масажи прилагодени на твоите потреби – од терапија и олеснување, до целосна релаксација и енергетско обновување.

🔹 Медицинска масажа
Кога чувствуваш болки, вкочанетост, згрчена мускулатура или проблеми со држењето – ова е третман што делува длабоко и терапевтски.

🔹 Релакс масажа
Совршена кога ти треба пауза од сè – за да се наполниш со нова енергија и да го смириш телото и умот.

🔹 Спортска масажа
Наменета за активни луѓе, спортисти и сите што имаат потреба од опоравување по физичка активност или превенција од повреди.

🔹 Aрома масажа
Уживање со природни ароматични масла – за телото да се смири, а умот да се отпушти во целост.

🔹 Deep Tissue масажа
Кога сакаш да ја почувствуваш вистинската моќ на масажата – длабока стимулација на мускулите и фасцијата со силен ефект.

🔹 Tuina масажа
Традиционална кинеска техника за ослободување на блокади, подобрување на енергијата и внатрешна рамнотежа.

🔹 Lomi Lomi масажа
Хавајска масажа што се изведува со ритмични движења – создава чувство на хармонија и проток низ целото тело.

💳 Цена: 1500 ден
🕐 Времетраење: 60 минути
🕰 Работно време:
Понеделник – Сабота: 11:00 – 21:00 h
Недела: 12:00 – 17:00 h

📞 077 564 950
📍 ул. Христо Татарчев бр.47 К, Скопје

✨ Погрижи се за твоето тело – и ќе ти врати со сила, мир и енергија.
Закажи термин денес!

#МасажаСкопје #ГрижаЗаТелото #ТерапијаИРелаксација #ЗакажиМасажа

Photos from Restart Massage's post 03/06/2025

Првпат доаѓаш на масажа?
Еве што да очекуваш во Restart Massage!

- Добредојде со внимание и љубезност
🧘‍♀️ Те пречекуваме во тивка, пријатна атмосфера и разговараме кратко за твоите потреби.

- Краток разговор пред масажа
🗣 Ќе ти поставиме неколку прашања: каде чувствуваш напнатост, дали имаш болки или медицинска состојба. Сè е доверливо.

- Пријатна просторија само за тебе
🕯️ Со мирна музика, професионална опрема и хигиена на највисоко ниво.

- Масажа по твоја мера
💆‍♂️ Нежна, длабока, терапевтска – ја прилагодуваме во текот на сесијата. Кажи слободно ако нешто не ти одговара.

- По завршување – момент на мир
🍃 Ти оставаме неколку минути за да се подготвиш. Ќе се чувствуваш опуштено, растоварено и повторно присутно во сопственото тело.

Никогаш не е доцна да се погрижиш за себе. Првиот чекор е најважен.

📞 Резервирај твој термин: 077 564 950
📍 Скопје – Restart Massage

#ПрваМасажа #ШтоДаОчекуваш #МасажаСкопје #ГрижаЗаСебе

30/05/2025

Медицинска масажа – кога болката не може да чека!

Ова не е обична масажа. Медицинската масажа е наменета за оние моменти кога болката, вкочанетоста или хроничната напнатост ти го ограничуваат секојдневието. Таа е фокусирана терапија која длабински работи на мускулите, точките на болка и зглобовите каде што телото најмногу „трпи“.

Се применува со прецизна, контролирана и медицински насочена техника, каде што масерот со комбинација од длабок притисок, фрикција, мануелна терапија и мобилизација на ткивата делува директно врз изворот на проблемот. Третманот најчесто се изведува на специфични региони: грб, лумбален дел, врат, раменици и мускули под стрес. Во зависност од состојбата, може да вклучи и пасивно истегнување или притисок на тригер-точки.

Медицинската масажа го активира лимфниот и циркулаторниот систем, го забрзува исфрлањето на токсини, го намалува воспалението и ја подобрува подвижноста. Таа не само што го ублажува симптомот, туку работи на причината – со целосен терапевтски пристап.

Ова е масажа што не опушта – туку враќа функција и квалитет на живот. За оние кои не сакаат само олеснување, туку вистинско решение.
Во Restart Massage, пристапуваме професионално, со знаење и внимание, за секој клиент индивидуално. Нашата цел е едноставна: да се движиш полесно, да дишеш подлабоко и да живееш без болка.

📞 Закажи термин: 077 564 950
📍 Скопје

#МедицинскаМасажа #ТерапијаСоДопир #ОслободувањеОдБолка #МасажаСкопје

28/05/2025

„Што всушност е масажата – и зошто му треба на секое тело?“

Во време кога сме постојано под стрес, притисок, и секојдневна напнатост – масажата не е „излишна“ активност, туку потреба која го храни телото и умот.

Еве зошто масажата заслужува да биде дел од твоето секојдневие:

✨ Го намалува стресот – го балансира нервниот систем и го снижува нивото на кортизол
✨ Ги релаксира мускулите – особено оние што се постојано под притисок: врат, грб, рамена
✨ Ја подобрува циркулацијата – и со тоа се забрзува процесот на регенерација
✨ Ја намалува болката – кај спортски повреди, хроничен замор или вкочанетост
✨ Го подобрува сонот и расположението
✨ Ја зголемува свесноста за сопственото тело – што се случува, каде те „држи“, што ти треба
✨ Превенција, а не само третман – редовната масажа може да спречи поголеми проблеми

Restart Massage не е само студио.
Тоа е твојата зона на тишина, смиреност, опоравување.
Место каде што твоето тело не само што ќе се опушти – туку ќе се заблагодари.

Почни да го слушаш своето тело. Понекогаш доволен е само еден допир – со вистинска намера.

📞 Резервирај термин: 077 564 950

#МасажаСкопје #ГрижаЗаСебе #Едукација #ТерапијаСоДопир #СлушајГоТелото #ЗдравЖивот

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Skopje?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Telephone

Website

Address


Skopje
1106

Opening Hours

Monday 11:00 - 21:00
Tuesday 11:00 - 21:00
Wednesday 11:00 - 21:00
Thursday 11:00 - 21:00
Friday 11:00 - 21:00
Saturday 11:00 - 21:00
Sunday 11:00 - 21:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Restart Massage posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Subscribe

We will notify you when anything happens in Skopje.